Долготрајната убавина се должи на генетските фактори, но и на правилна нега на вашето лице и тело. Ви ги претставуваме седумте најкорисни совети за убавина, кои се клучната тајна за вечна младост:
Пијте вода: Добро, пиењето вода не е некоја тајна. Но, верувале или не, само 3% од населението во светот ја внесуваат дневната потребна количина на вода. Пијте најмалку 2 литри вода на ден, затоа што водата е најважен фактор за убавина и здравје на вашата кожа и на вашето тело.
Заштитен фактор секогаш и секаде: Заштитата од штетните УВ зраци е гаранција за младешки изглед на кожата. УВ зраците се најчестиот извор на рак на кожата и предвремено стареење. Затоа, без разлика кое годишно време е, секогаш нанесете заштитен фактор на кожата 15 минути пред да го напуштите вашиот дом.
Хидратацијата е неопходна: Секојдневно нанесувајте лосион на лицето и телото, и тоа изберете лосион кој одговара на вашиот тип на кожа, а содржи и крем за самопотемнување, кој ќе направи визуелно да изгледате послаби.
Рацете и вратот се важни како и лицето: негувајте ги рацете и вратот исто како што го негувате лицето, затоа што важно е да имате нежни и негувани раце и врат за да имате младешки изглед.
Вежбајте, вежбајте и само вежбајте: Доколку сакате да имате сјај на лицето, кремите и лосионите не се единствена опција. Вежбањето ја подобрува циркулацијата и количината на кислород и ќе направи вашата кожа да сјае.
Хранете се правилно: Јадете многу овошје и зеленчук. За убава кожа е многу важно да внесувате доволно А, Ц и Е витамин, како и антиоксиданси кои ги има во овошјето и зеленчукот.
Позитивни мисли: Доколку изгледате среќно, автоматски ќе сјаете со убавина. Насмевката на лицето ќе ве направи да изгледате помлади, но и попривлечни.