Црвена Ѕвезда, дваесет години порано… На денешен ден, таа 1991. година црвено белите водеа битка за освојување на титулата шампион на Европа и од неа излегоа како победници.
Во клупската историја на белградска Црвена Ѕвезда, 29. мај 1991. година остана запишан со златни букви. Успехот кои многу генерации фудбалери од овие простори го сонуваат и кој и ден денеска им изгледа недостижно, го оствари екипата под водство на Љупко Петровиќ.
Патот до европскиот тронводеше преку Грсхоперс (1:1 во Белград и 4:1 во Цирих), потоа Глазгов Ренџерс (3:0 во Белград, 1:1 во Глазгов), Динамо Дрезден (3:0 во Белград, 3:0 во Дрезден), минхенски Баерна во полуфинале (2:1 во Минхен и 2:2 и Белград) и, конечно, француски Олимпик Марсеј кој на денешен ден е совладан во финалето одиграно на стадионот ”Свети Никола” во Бари, по подоброто изведување на пенали (5:3).
Ѕвезда во финалето настапи во следниот состав: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ и Бинич. Можност за игра во второто полувреме доби и Влада Стошиќ, кој го замине Дејан Савичевиќ.
Црвено-бели квалитетот го потврдија и нешто подоцна со освојување на Интерконтиненталниот Куп против чилеански Коло Коло.