Секој 6-ти мобилен телефон има смртоносна бактерија! Пазете! Вашиот можеби е 6-ти!

popara15 октомври, 20111min00
39033

Дури 16% од мобилните телефони во себе носат опасна фекална бактерија, откриле научниците во Велика Британија, кои ја истражувале хигиената на мобилните уреди! Последиците се труење, бидејќи мобилните се скоро секогаш во нашите раце, пишува лондоснкиот Гардијан.

Бактериите се задржуваат поради недостаток на лична хигиена, меѓу другото и поради немиење на рацете по одењето во тоалетите. Ако не е изложена директно на сончевите зраци, еширихија коли  на мобилните телефони и раце може да преживее неколку часа. Оваа бактерија лесно се пренесува преку допир, а се задржува на кваките.

Во едно друго врзано истражување откриено е дека повеќето луѓе лажат за редовната хигиена. Дури 95% од испитаниците од 12 британски градови  тврдат дека редовно ги мијат рацете по посетата на тоалетот. По бројот на „заразени телефони“ води сверниот дел на Британија. Во Глазгов има девет пати поголем број заразени уреди во однос со Брајтон, град на југот на земјата.

Најконтаминираниот примерок сепак е најден во Лондон, а Бирмингем е град со највисок процент на заразени мобилни телефони.

Научниците се надеваат дека истражувањата и бројките добиени ќе ги натераат луѓето повеќе да се грижат и да водат поголема лична хигиена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag