Филмските сетови се онаму каде што се случува магијата на филмот, но и повредите на актерите. Како и секоја работа, и глумата има свои ризици. Погледнете кои се познати „фацки“ се повредиле додека снимале филм и се здобиле со модрици, набиеници, скршеници…
Хали Бери беше хоспитализирана во болница откако ја удри главата во рефлектор кога ја глумеше Catwoman, скрши рака на снимањето на Gothika, го оштети окото додека го снимаше Die Another Day и го исчаши зглобот на ногата на снимањето на најновиот филм во Шпанија. Е арно е жива 🙂
Иронично, Бред Пит ја исчаши ахиловата тетива на петата додека го глумеше Ахил во филмот Троја.
Бен Стилер беше каснат од ласица додека го снимаше филмот Along came Polly, па мораше да прима вакцина против беснило.
Анџелина Џоли се здоби со исеченица на главата додека го снимаше Salt во 2010 година.
Рајан Рејнолдс го исчаши рамото за време на снимањето на Green Lantern.
Орландо Блум падна од коњ и скрши ребро додека го снимаше Lord of the Rings.
И на Виго Мортенсен му беше тешко на снимањето на Lord of the Rings. Тој скрши заб и два прста на ногата.
Дајан Китон си ја удри главата и се здоби со потрес на мозок додека го снимаше Morning Glory.
Џад Ло скрши ребро додека ја снимаше сцената со убиство во филмот The Talented Mr. Ripley.
Џастин Тимберлејк ја повреди ногата додека го снимаше филмот Now.
И Џејмс Бонд не е непобедлив. Даниел Крег се здоби со исеченица на лицето и осум конци.
Силвестер Сталоне баш има приказни за раскажување кога станува збор за повреди. Како Роки тој има преживеано потреси на мозок, повреди на артерии, сериозна повреда на вратот и околу 60 конци.
За време на снимањето на Gladiator, Расел Кроу се здоби со сериозна повреда на рамото.
Актерот Шаја ЛаБаф ја повреди својата рака непосредно пред снимањето на Transformers: Revenge of the Fallen.
Иако тој беше оној кој сите „ги кршеше од ќотек“ во филмот за Шерлок Холмс, Роберт Дауни Џуниор се здоби со повреда на вилицата додека го снимаше филмот за познатитот детектив.