Секс совети од познатите ѕвезди

popara19 септември, 20111min00
eva longorija

Доколку чувствувате дека Вашиот сексуален живот е здодевен и сакате да испробате нешто ново, Ви предлагаме да ги послушате советите на познатите холивудски ѕвезди, кои Ви нудат решение за подобар секс:

1. Носете костим на суперхерој: Познатиот глумец Вил Смит објаснува дека, по снимањето на комедијата за суперхеројот Хенкок, тој си го задржал костимот. „Понекогаш знаеме да го искористиме во спалната соба и тоа е навистина забавно“, вели Смит.

 

2. Секси состанок барем еднаш неделно: Актерката Кортни Кокс и нејзиниот сопруг Дејвид Арекет редовно одат на секси состаноци. „Кога сте во брак, повеќе немате секс како што сте имале на почетокот на врската. Понекогаш мора да испланирате. Јас и мојот сопруг одиме на секси состаноци барем еднаш неделно, па со тоа си го подобруваме и нашиот сексуален живот“.

 

3. Хранете се еден со друг: глумицата Хали Бери ужива во секси оброк, па затоа нејзината кујна е секогаш сместена во близина на спалната соба. „Шпагетите се многу секси оброк, особено ако ги јадам од рацете на некој згоден маж. Навистина го сакам тоа“, вели познатата глумица.

 

4. Секс во автомобил: Актерката Скарлет Јохансон смета дека сексот во автомобил е навистина возбудлив. „Кога сакам да направам нешто несекојдневно и секси, мој прв избор е секс на задното седиште од автомобилот“, вели Јохансон.

 

5. Носете маски: Старлетата Кејти Прајс, позната како Џордан, препорачува носење на маски за време на сексот. „За ова треба да имате навистина бујна фантазија, но доколку имате може да биде навистина возбудливо и интересно“, смета Џордан.

 

6. Комуницирајте на странски јазик: Актерката Ева Лонгорија препорачува комуникација на странски јазик за подобар секс. Таа го препорачува фанцускиот јазик како сензибилен и романтичен. „Дури и да не го говорите совршено, барем добро ќе се насмеете и ќе го подобрите расположението“, вели сексипилната латиноамериканка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag