Сексот во вода може да биде многу неудобна активност и опасен по здравјето ако не се придружуваме до одредени правила.
Во водата нема да да добиете никаква рибина болест, но факт е дека водењето љубов во вода може да доведе до таканаречено воспаление на матката „рибин мирис“. Кога се одлучуваме на секс во вода тоа најчесто го правиме под туш, во када, море, езеро, базен. Во повеќето случаеви сексот во вода добро завршува, но неретко завршува и со различни воспаленија по телото.
Секс во бањата
Сексот под туш е постојана пракса но сепак… просторот под тушот често е тесен, плочките се лизгаат и партнерот најчесто е повисок и до 20 сантиметри од партнерката. Тоа доведува до чести повреди кај партнерите најчесто причина е лизгањето на мократа површина.
Новите видови кади нудат можност за интересен начин на водење љубов. Партнерите најчесто користат различни видови на средства, како сапуни, купки за бањање и етерични масла. Меѓутоа користењето на овие средства доведуваат до воспалување на матката кај жените, чешање, пецкање на телото и до многу други нус ефекти.
Совети за секс во вода
Сексот во када може да биде прекрасно доживување и искуство кое ке се памети. Меѓутоа мора да се избегнуваат сапунот, етеричните масла и други слични препарати. Хемикалиите во овие производи делуваат надразнувачки на слузницата на матката кај жените која и така е многу осетлива. Пенливите купки ја отстрануваат маснотијата и природната влажност на кожата, која ја создава женското тело при сексуалната активност. Тоа придонесува жената да се чуствува неудобно. Значи тајната на добриот секс во вода е да се користатт либриканти на база на силикон или сапуни и средства за пенење од маслиново масло.