Дека не се толку радикални во своите политички ставови во фамилијата на Бин Ладен, потврдува и Вафар Дуфур 35 годишната убавица. Таа е правничка и манекенка но и роднина на Осама Бин Ладен, бидејќи нејзиниот татко е полубрат на веќе ликвидираниот терорист.
Во последните десет години таа успеала да го заврши факултетот по правни науки на Универзитетот Колумбија во ЊуЈорк, и повремено се занимавала со манекенство. Како модел таа позирала во долен веш за магазинот GQ, додека нејзиниот вујко бил зафатен со рушење на кулите близначки.