Селена Гомез ги остави без зборови сите свои обожаватели кога се појави со нешто налик на тетоважа со името Џастин на зглобот од десната рака. Ова можеа да го забележат присутните на нејзиниот концерт во Лас Вегас. Сепак, иако нејзината романса со поп ѕвездата Џастин Бибер е реална, мастилото на тетоважата не е вистинско.
Претставник од тимот на Гомез потврди дека тетоважата не е трајна. Најверојатно се работи за маркер со кој Селена на раката си напишала Џастин и под тоа нацртала срце.
Но, ова не значи дека еден ден таа нема да си направи и вистинска. И нејзиниот дечко е голем љубител на тетоважи и има една на раката, една под пазувите и една мала птичка на левата страна од абдоменот.