Сендвич со портобело печурки и сончоглед

popara30 октомври, 20111min00
Back Camera

Потребни состојки:

  • Осум парчиња леб по желба или четири мали погачи
  • 4 портобело печурки
  • 2 лажици оцет
  • 2 зелени пиперки
  • 1 модар патлиџан
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици пармезан
  • 200 гр. овчи кашкавал
  • 4 лажички мајонез
  • 50 гр. лупен сончоглед

Припрема:

Добро измијте ги портобело печурките, отстранете им ги стеблата и полијте ги со оцетот. Оставете ги во покриен сад да отстојат 12 часа во фрижидер.

Испечете ги пиперките и излупете ги, па оставете ги да се изладат. Испечете го модриот патлиџан и излупете го, па и него оставете го да се излади. Ситно исецкајте го лукот и промешајте го со мајонезот.

Врз секое парче леб намачкајте малку мајонез со лук. Врз 4 парчиња леб ставете по половина излупена пиперка и парче модар патлиџан. Врз нив изрендајте кашкавал, па посипете лупен сончоглед. Одозгора ставете по една печурка и наросете пармезан, па поклопете со преостанатиот леб.

Во загреан тостер ставете ги сендвичите да се запечат, се додека не се растопи кашкавалот. Послужете во чинија за сервирање. Добар апетит.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag