Септември 11, 2001 -2011. Десет години без вистинскиот одговор!

popara11 септември, 20115min00
1

Викендов навршуваат 10 години од терористичките напади во со киднапирани авиони беа срушени „кулите близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, и беше нападната зградата на Пентагон во Вашингон. Во нападите загинаа повеќе од 3000 лица, а беше причинета непроценлива материјална штета. Терористичките напади 9/11 беа повод за почеток на „војната против тероризмот“ која САД ја објавија против талибанците. Воените акции на САД траат до ден денес, а најголем успех беше елиминирањето на „непријателот број 1“ Осама бин Ладен, кој се смета за одговорен за терористичките напади. Во спомен на оваа трагедијата, решивме да ве потсетиме на сите детали кои ги објавија американските власти при реконструкција на настаните.

6:02 am: „Мозокот“ на терористичките напади Мохамед Ата и Абдул Азис Ал Омари се качуваат на авион од Портланд, Мејн и се упатуваат кон Бостон, каде ќе се качат на летот 11 на Американ Ерлајнс, кој подоцна ќе го киднапираат.

6:52 am: Марвин Ал Шехи му се јавува на Ата за да го потврди планот. Подоцна Марвин Ал Шехи ќе се качи на летот 175 на Јунајтед Ерлајнс, кој ќе полета од Бостон.

7:59 am: Боингот 767 се подготвува за полетување. На сликата се прикажани Ата и Ал Омари, снимени од безбедносна камера еден ден пред нападите.

8:14 am: Боингот 767 полетува од аеродромот Логан, Бостон и се упатува кон Лос Анџелес. Во авионот се наоѓаат Ата, Ал Омари и уште тројца терористи.

8:20 am: Боингот 757 полетува од аеродромот Далс од Вашингтон кон Лос Анџелес со пет терористи меѓу кои и Хани Ханџур, кој е прикажан на сликата.

8:24 am: Летот 11 прави остро свртување кон Менхетн и контролорите на летање го слушаат гласот на Мохамед Ата кој им наредува на патниците да останат мирни.

8:42 am: Боинг 757 полетува од аеродромот Нуарк кон Сан Франциско се четири терористи. На сликата се прикажани сите терористи кои учествуваа во терористичките напади.

8:46 am: Два борбени авиони од типот Ф-15 полетуваат да го пресретнат летот 11, но тој им се губи од радар.

8:46:40 am: Летот 11 се удира во Северната зграда на Светскиот трговски центар помеѓу 93 и 99 спрат. Зградата вивнува во пламен и почнува да се топи структурата од челик.

8:48 am: Неполни две минути по нападот, Фокс Њуз објавува дека авион се срушил во „кулите близначки“.

8:50 am: Помеѓу 100 и 250 луѓе ќе рипнат од северната зграда очајно барајки спас од пламените јазици.

8:52 am: Сеуште несвесни дека летот 11 удрил во северната кула, двата Ф-15 авиони продолжуваат со летање над Лонг Ајленд.

8:58 am: Под контрола на терористите, во наредните 12 минути летот 175 го менува курсот кон Менхетн.

9:03:04 am: Боингот 767 удира во Јужната кула, правејќи остар маневар во последен момент за да ја максимизира штетата.

9:05 am: Дури им чита книга на деца во градинка во Сарасота, Флорида, претседателот на САД, Џорџ Буш е известен дека „Америка е нападната“. Буш продолжува да ја чита книгата, а подоцна ќе изјави дека тоа го сторил затоа што не сакал да ги исплаши децата.

9:13 am: Авионите Ф-15 се испратени да го чуваат небото над Менхетн.

9:21 am: Се затвараат мостовите и тунелите кон Менхетн.

9:29 am: Обраќајки се кон 200 учители и деца во Флорида, претседателот Буш објавува дека мора да се врати во Вашингтон бидејќи се случила национална трагедија.

9:37:46 am: Летот 77 се руши во Пентагон, каде загинуваат 125 лица плус 64 патници на авионот.

9:43 am: Белата куќа е евакуирана и затворена.

9:45 am: Секој вид на авионски сообраќај е затворен. На авионите во лет им е наредно да слетаат на најблискиот аеродром.

9:59:04 am: Се руши целосно Јужната кула и создава огромен облак прашина.

10:00 am: Командирот на пожарникарите наредува напуштање на северната кула која сеуште е во пламен.

10:03:11 am: Летот 93 се руши во нива во Шенксвил, Пенсилванија, откако патниците им се спротивставиле на терористите кои сакале да го урнат авионот во Белата куќа или Капитол.

10:10 am: Сеуште несвесен дека летот 93 се урнал, но знаејќи дека авионот се движи кон Вашингтон, потпретседателот Дик Чејни им наредува на борбените авиони да го соборат.

10:28:25 am: Се руши Северната кула, а со тоа и хотелот Мериот.

10:45 am: Цел Менхетн е прогласен за забранета зона за цивили.

10:50:19 am: Колабираат пет спрата од Пентагон. Сите преживеани се веќе евакуирани.

1:04 pm: Американската војска низ цел свет оди во состојба на полна подготвеност. Претседателот Буш, кој постојано се движи со претседателскиот авион Ер Форс 1, ја напушта воената база Барксдејл во Луизијана и заминува за базата Офут во Небраска.

2:50 pm: Претседателот Буш слетува во Небраска и има конференциски состанок со Националниот Совет за Безбедност.

5:20:33 pm: Колабира седмата зграда на Светскиот трговски центар, позната како Саломон Брос. Билдинг. Зградата колабира како последица на оштетувањето од рушењето на „кулите близначки“, но во тој момент е комплетно евакуирана.

6:54 pm: Претседателот Буш пристигнува во главниот град Вашингтон Д.Ц.

7:00 pm: Илјадници њујорчани и туристи доаѓаат во Менхетн кај „Ground Zero” за да понудат помош и да бараат преживеани.

8:30 pm: Претседателот Буш, во обраќањето кон нацијата, изјавува дека „терористичките напади можеби кршат челик, но неможат да го скршат челикот на американската одлучност“.

9:00 pm: Претседателот Буш има состанок со Националниот Совет за Безбедност и собира докази против „Ал Каеда“.

11:00 pm: Последниот преживеан за денот, Вил Џимено, е извлечен од урнатините од страна на агенти на ФБИ. Во 8 часот наредното утро, полицијата го пронаоѓа жив и полицаецот Џон МекЛаглин.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag