Серхио Перез или познат како “Чеко”

popara2 септември, 20111min00
0

Серхио Перез Мендоза е мексикански возач во Формула 1, роден на 26-ти јануари, 1990 година во Гвадалахара, Халиско. Познат е уште како “Чеко” Перез и моментално вози за тимот на Sauber во сезоната 2011 во Формула 1. Неговиот брат е шампионот во NASCAR Corona сериите  – Антонио Перез. Серхио е исто така член на академијата на возачи на Ferrari.

Серхио Перез започнал со возење картинг на само шест години. Тој се натпреварувал во 2004-та година во националниот шампионат на Skip Barber во САД, за тим спонзориран од телекомуникациската компанија Telmex и завршил 11-ти во генералниот пласман. Во 2005-та тој се преселил во Европа и се натпреварувал во Германската Формула – BMW ADAC сериите. Завршил 14-ти во генералниот пласман, возејќи за тимот на Rosberg. Наредната година тој веќе се подобрил и завршил 6-ти во гебералниот пласман за истиот тим. В

о 2006-та и 2007-та година тој земал учество во А1 сериите и возел за тимот на Мексико и бил третиот најмлад возач што учествувал во сериите. Потоа тој се преместил во Британскиот Формула 3 Шампионат, во 2007-та година. Се натпреварувал во Националната Класа, за тимот на T-sport. Тој победил на две третини од трките со слична пропорција и кај пол-позициите и само на две трки не завршил на подиумот но сепак завршил прв во генералниот пласман.

Во 2008-та година, Серхио заедно со тимот T-sport напреднале кон Интернационалната Премиер Класа во шампионатот. По водството на почетокот на сезоната, тој паднал на четвртото место на крајот во генералниот пласман. Кон крајот на 2008-та и почетокот на 2009-та година Серхио веќе возел за GP2 Asia сериите со клубскиот колега Виталиј Петров. Тој бил првиот мексикански возач што се натпреварувал на тоа ниво. За прв пат во таа серија победил во Бахреин, тргнувајќи од пол-позицијата. Следната победа му била во Катар. Потоа се преместил во Arden International за главната 2009 GP2 сезона и завршил 12-ти во генералниот пласман. Сезоната во 2010-та година во GP2 серијата, Серхио победил на пет трки и завршил втор во генералниот пласман, веднаш позади Пастор Малдонадо.

Во октомври 2011-та година, Sauber изјавил дека Перез ќе му се придружи на тимот во Формула 1 за сезоната во 2011-та година, како замена за Ник Хајдфелд. На својата прва трка во 2011-та сезона во Формула 1, во Австралија тој завршил на седмото место. Но, сепак тимот на Sauber бил дисквалификуван заради прекршување на техничките регулации. Перез не успеал да го повтори потегот од Австралија, кога за време на трката во Малезија излетале делови од болидот на тимот Toro Rosso, управуван од Себастијан Буеми и ја уништиле електрониката на болидот на Перез. За “Големата Награда на Кина”, Перез завршил на 17-тата позиција, додека во Турција завршил на 14-тата позиција. За “Големата Награда на Шпанија”, тој завршил на 9-тата позиција, додека во Монако излетал од патеката и се удрил во безбедносната ограда, предизвикувајќи голема штета на болидот.

Највисока освоена позиција оваа година за него била 7 место, за “Големата Награда на Велика Британија”. Серхио Перез, засега е на 15-тата позиција во генералниот пласман на возачи оваа сезона и за сезоната во 2012 ќе продолжи да вози за тимот на Sauber, покрај клубскиот колега Кобајаши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag