Северина иако е на почетокот од бременоста, сепак започна со подготовките за новата улога која и ја донесе животот.
Таа изјавила дека овие денови учи да пее детски песнички, а веќе научила да менува пелени.
Имав можност со моите внуци да научам да менувам пелени, и навистина лесно ми оди. Деновиве си пејам и детски песнички, морам да го сменам репертоарот, вели Севе.
Освен тоа што таа се спрема за улогата на мајка, исто така работи и на својата кариера.
Во план ми е во ноември да снимам една преубава песна, за која се снима и видео запис, а до пролет ќе снимам дваесет песни, додала пејачката.