Бремената пејачка, Северина Вучковиќ и нејзиниот вереник Милан Поповиќ се подготвени да се преселат во новата ќуќа. Келнерите во соседните ресторани веќе знаат која и е омилена храна на Северина и со задоволство и готват. На имотот во Нови Сад, Северина ќе има базен и две игралишта.
Големи камиони ги донеле последниите камени блокови за убавиот двор во Ченејски салаш во близина на Нови Сад. Ѕидарите веќе направиле поголем дел од дворот, но и патеката до куќата е готова. Само тениското игралиште и кошаркарското игралиште и базенот не се направени од камен. “Северинин салаш”, како што го викаат во Чинеј е веќе при крај и парот е подготвен во брзо време да се всели. Нивна прва комшика ќе им биде Новосадската барбика Наташа Беквалац.