Севе не е размазена трудница. Ќе работела до крајот на бременоста?!?

popara4 септември, 20111min00
seve

Северина Вучковиќ тврди дека воопшто не е размазена трудница и дека ќе продолжи да снима песни се до моментот додека не се породи, што би требало да се случи во февруари наредната година.

„Се посоветував со мојот гинеколог и тој ми рече дека можам да работам доколку се чувствувам способна за тоа. Немам ризична бременост, но ги намалив обврските и се чувам“, вели Севе, но додава дека бременоста не е страшна работа и дека нејзината мајка, како и многу други жени, работела се до крајот на бременоста.

„Нема да настапувам, но ќе работам во студио и ќе снимам песни за мојот нов албум. Имам уште три настапа, во Црна Гора, Словенија и Хрватска, за кои сметам дека ќе бидат особено емотивни“, вели познатата пејачка.

„Досега имам настапувано болна и со температура и публиката била онаа која ме оздравувала. Настапот пред публика е нешто неверојатно. Публиката секогаш пеела со мене и затоа сум немала никаков проблем“, истакнува Северина.

Браво за упорноста Севе, но сепак те советуваме да внимаваш на себеси и на своето бебе, бидејќи време за работа секогаш ќе има.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag