Северина планира веднаш по пордувањето да научи да управува со авионот на својот вереник Милан Поповиќ, а одлуката ја донела по угледот на Анџелина Џоли, чиј маж го има истиот авион – “цесна 525”!
Вечниот идол на Северина, Анџелина Џоли, дозволата за летање ја има со години. Бред Пит ја наговорил да научи да управува со авион, а и идниот сопруг на хрватската пејачка и ги покажал оснвите на пилотирање. Џоли минатата недела летала над Лондон со својот син Медокс, а Севе изјавила дека многу и се допаѓа што парот постојано патуваат со авион со своите деца.
Дознаваме дека, идната мајка своевремено носела сини леќи и надградба на косата со цел да биде слична на нејзиниот идол од Холивуд.
Уште само Севе да почне да посвојува деца од различни делови на светот…