Колумбиската пејачка Шакира и поранешниот член на Пинк Флоид, Роџер Вотерс си купија осторв на Карибите. Островот ги чинеше 16 милиони долари, а уште многу пари ќе треба да вложат во изградба на комплекс. Всушност, ќе градат вили со приватни плажи, а подоцна дел од нив ќе се продаваат, а останатите ќе се изнајмуваат.
Дел од островот каде што има водопади ќе го претворат во оаза за уметниците кои тука слободно ќе можат да се сместат.