Вселенскиот шатл Атлантис се оддели од Меѓународната вселенска станица и тргна на последниот лет, кон Земјата.
Со слетувањето на шатлот и четри члениот екипаж, кој се очекува да се случи во четврток, ќе биде завршена 30 годишната програма на американската Национална вселенска агенција (НАСА).
Атлантис, веднаш потоа ќе им се приклучи на минатите Дискавери и Индивор и ќе стане музејски експонат.
На Меѓународната вселенска станица сега престојуваат шест астронаути.
Меѓународната вселенска станица, според плановите, ќе функционира барем
до 2020 година. година, а бидејќи НАСА се откажа, сега одржувањето на станицата ќе зависи од другите земји.