Шер: Очајна сум што ќерка ми стана син!

popara18 септември, 20111min00
chaz-bono-a-man_opt

Пејачката Шер изјави дека многу тешко ја поднела веста кога нејзината ќерка Честити Боно решила да си го промени полот и да стане машко.

По двегодишниот макотрпен процес за промена на полот, Чез Боно сега е син на Шер. Шер понекогаш му се обраќа со „тој“, а понекогаш со „таа“.

–          Во еден момент ќе морам да почнам да му се обраќам само со „него“ – признава Шер во потресното интервју во кое изјави дека воопшто не може да го гледа Чез, ниту пак, да се навикне на неговата нова боја на глас предизвикана од бројни промени во хормоните.

–          Бев хистерична кога го чув гласот снимен на телефонска секретарка. Тоа е нејзиниот глас што никогаш повеќе нема да го чујам – опишува познатата пејачка.

Чез, синот на Шер и покојниот Сони Боно, со години постепено го менуваше полот. Додека растел се чувствувал непријатно во својата кожа и тело и сфатил дека тој е роден за да биде маж, а не жена.

Документарецот кој му е посветен нему се вика „Станувајќи Чез“ и е номиниран за три Еми награди.

Неодамна, тој издаде и книга за истата тема која се вика „Како станав машко“, а моментално живее во Калифорнија со девојката Џени, со која е заедно веќе шест години и која била покрај него и пред промената на полот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag