Шест дена јадел лисја, додека не го спасиле!

popara1 октомври, 20111min00
0316007.48

Шеесет и седум годишниот американец  Дејвид Лав преживеал сообраќајна несреќа и пад од 60 метри провалија. Во текот на шест дена, додека чекал помош, јадел само листови од растенија и пиел вода од блискиот поток.

Додека возел по планинскиот предел во Јужна Калифорнија, Дејвид изгубил контрола над возилото и паднал во провалија. Откако полицијата заклучила дека не постои шанса тој да преживеал и откако одбиле да организираат негово пребарување на теренот, тоа сепак го направиле синот и ќерката на несреќниот американец.

Ќерката на Дејвид, Лиза, за Дејли Мејл, изјавила дека потргата ја фокусирале во шумата. „Застанувавме над секоја провалија, пребаруваме низ целото подрачје, а одеднаш слушнавме како нашиот татко повикува помош. Кога стигнавме до него тој ни побара чоколадно млеко“, додала Лиза, присетувајќи се на драматичниот момент.

Полицијата подоцна потврдила дека во истото тоа подрачје бил пронајден уште еден автомобил кои излетал од патот, но неговиот возач не преживеал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag