Шинед О Конор рекордерка: Се развела по 18 дена брак!

popara27 декември, 20111min00
Sinead O Connor  Performs After Getting Married

Шинед О Конор ги извести и шокира сите со информацијата дека се разведува и тоа по 18 дена брак. Како причина наведе нешто помалку необично.

-Драги пријатели, имам неколку причини поради кои завршив со овој брак и вие ќе ги разберете. Иако имав намера, разводот да го чувам во тајност,  ми кажаа дека оваа информација сигурно ќе протече во јавноста за неколку дена. Затоа одлучив да ви објаснам, се обратила Шинед О Конор.

-Само три часа по нашата церемонија, одредени луѓе кои се вклучени во животот на мојот сопруг почнаа негативно да влијаат на нашиот брак. Всушност, на денот на нашата венчавка одлучив да се почестам со малку трева. Ова мое искуство силно влијаеше на мојот сопруг, како и на неговите блиски луѓе кои беа против нашиот брак. Сфатив дека ако остане со мене  ќе ги изгуби пријателите и тоа нема да може да го поднесе. Затоа одлучив да го ослободам, бидејќи сметам дека ако некого навистина сакаш, мораш да го ослободиш. Тој е прекрасен човек и јас многу го сакам. Тешко ми е да признаам, но згрешивме што толку брзо се венчавме. Мојот сопруг беше несреќен во бракот, но беше премногу добар за да стави крај на оваа приказна, па затоа јас го направив тоа, напишала пејачката во своето обраќање до јавноста.

Ова е четвртиот неуспешен брак на Шинед О Конор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag