48 годишната Деби Мекан, цел свој живот зборувала на типичен глазговски акцент. Се додека не доживеала срцев удар, по кој почнала да зборуца прво со кинески акцент. Меѓутоа, кинескиот набрзо се претворил во италијански акцент.
До промените не се случиле веднаш, бидејќи неколку недели по срцевиот удар, кој се случил во октомври минатата година, Деби воопшто не зборувала.
„Во текот на првите две недели по ударот неможев да зборувам, тоа беше многу фрустрирачки. Кога ми се врати гласот и говорот, звучеше кинески. Неможев да си поверувам. Сега луѓето ми велат дека звучам како да сум од Италија, но јас никогаш не сум била во ниедна од двете земји“, изјавила Деби.
Сепак со тек на времето таа се навикнала, а сега веќе посетува курсеви за говор со кои треба да го отргне новиот акцент. Интересно е тоа што Деби покрај што зборува на странски акцент, таа тешко пишува англиски, па заборава некои сврзници, предлози во пишувањето.
Колку овој случај звучи необично, сепак се работи за медицинско нарушување од кое во светот страдаат само околу 60 луѓе. До таканаречениот „синдром на странски акцент“ се јавува по мозочен или срцев удар, во некои случаи од мигрена. Синдромот прв пат бил идентификуван во 1940 година во Норвешка, кога една жена погодена од шрапнел почнала да зборува на германски акцент.