Шест недели пред смртта на Мајкл Џексон , неговиот доктор Конрад Мареј, на кого му се суди за убиство на кралот на поп музиката од небрежност, го снимил разговорот со ѕвездата во полусвесна состојба.
Драматичната аудио снимка од овој разговор во мај 2009 година на која кралот на поп музиката зборува за плановите во иднина, но и од минатото, пуштена е на судењето на Мареј. Снимката е пропратена со фотографии од мртвото тело на Мајкл Џексон.
-На Елвис тоа не му успеало. На Битлси не и успеа. Мораме да бидеме фантастични, изјавил Џексон за време на подготовките за повратните концерти во Лондон.
Приходите од концертите, а требало да се одржат дури 50, кралот на поп музиката планирал да изгради детска болница.
-Моите изведби ќе им помогнат на моите деца. Ги сакам, ги сакам затоа што јас немав детинство. Ја чувствувам нивната болка, речиси неразбирливо, вели Џексон, додека неговиот брат Џермејн во судницата ги бришел солзите.
За време на разговорот Д-р Мареј го прашал Џексон дали се чувствува добро. Осум секунди покасно Џексон прошепотил: “Заспав”.
Четири минутната снимка е пронајдена во мобилниот на Конрад Мареј. Не се знае од кои причини Конрад го снимил овој разговор, но обвинителите со оваа снимка сакаат да докажат дека Мареј знаел за моќните ефекти на лековите кои му ги давал.