Шон Пен и неговата девојка Шенон Костело се вратија од патувањето од Мајами. Парот на аеродромот во Лос Анџелес ги дочекаа еден куп папараци, заради што глумецот и неговата девојка не беа среќни. Додека Шон ја отварал вратата од автомобилот, Шенон се обидувала да се сокрие под јакната, но фотографите успеале да ја фотографираат.
Пен во последно време е често во медиумите, заради неговиот бурен љубовен живот. Само месец дена по раскинувањето со Скарлет Јохансон, заради која сите му зборуваа дека имаат голема разлика во годините, глумецот најде уште една млада убавица. Шенон исто како и тој се бави со хуманитарна работа, т.е. е филмска продуцентка, а со Шон се познава наводно од 2009 година, кога соработувале за хуманитарна помош за Хаити.