Шон Пен се придружи на илјадници египетски активисти во средиштето на Каиро кои бараат крај на војната во таа земја. Холивудскиот глумец држеше египетско знаменце и заедно со глумецот Калед Ел Набиви посеруваше за побрзо пренесување на овластувања на војската на цивилната влада.
– Светот е инспириран со позивот на слободата кој произлезеод храбрата револуција во Египет. Очигледно, ова нема да биде готово преку ноќ, сеуште постојат борби, уставни барикади тоа е прнесување на моќта од војската на народот, изјави Шон.
Неговиот колега и пријател Калед, вели дека го повикал Пен во Египет за да докаже дека земјата и сега е сигурна. На местото се собраа активисти од сите страни кои сакаат ревулуцијата да заврши.