Подготовка:
Изматете ги јајцата, маслото, млекото, брашното и прашак за пециво. Помешајте со ситно сецкана салама, краставици, пиперки и сирење.
Целата смеса помешајте ја и истурете ја во тава подмачкана со масло и брашно.
Печете на 200 степени, околу 20 минути.
Кога питата е готова, премачкајте ја со едно изматено јајце и вратете ја во рерна уште 5 минути за да добие убава златна боја.
Состојки:
- 4 јајца
- 4 чаши масло
- 2 чаши млеко или кисела вода
- 6 чаши брашно
- 1 прашак за пециво
- 150гр салама
- 200гр сирење
- 4 кисели краставици
- 4 кисели пиперки