Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се обидувал да ги увери своите фанови дека дури и тој врши нужда во машко wc.
Бидејќи му е досадно на сите гордо да им објаснува дали оди во wc за мажи или жени, се фотографирал со мобилниот телефон и фотографиите ги објавил на својот профил на facebook.
-Да се знае во кое wc одам, напишал Боки под фотографијата, мислејќи дека со ова им ги затворил устите на сите.
Ок, фотографијата навистина покажува дека Боки се наоѓа во машко wc, но тоа и понатаму не мора да значи дека тука тој извршил мала нужда.
За жал, Боки не успеал во својата намера, поради тоа што набрзо по објавувањето на фотографијата пристигнувале многубројни коментари во кои повторно е отворена дилемата дали Боки оди во машки или женски тоалет.