Што да избегнувате за време на секс

popara29 јули, 20111min00
article-1195306-0578121C000005DC-470_468x286

Некои работи навистина им сметаат на мажите и треба да ги имате на ум. Штета е да се најдете покрај некој со кого ви е убаво, да почнете со секс и потоа сè да упропастите поради глупава, непромислена изјава. Со некои потези можете да се распадне и врската или да му ја нарушите самодовербата.

Воздржете се од непотребни прашања

Сите теми што не се поврзани со секс, во тие моменти треба да се избегнуваат. Пожелни се само прашања во врска со активностите и позите кои сакате да ги направите. Доколку на ум ви дојде идеја или предлог за викенд или утрешниот ручек, обидете се во истата секунда да заборавите и сетете се на тоа по час или два.

Уште полошо е да се сетите дека нешто не сте направиле, па сред секс да станете, да се облечете и да одите да го сторите тоа. Да го оставите незадоволен е голем удар за него. Се разбира, ако е нешто од големо значење и се случило само еднаш, мажот ќе преживее.

Не спомнувајте го поранешниот

Штом реченицата ќе почне со “мојот бивш знаеше…“, сигурно веќе му се дигнала косата, а нешто друго му се спуштило. Заборавете на бившиот и целосно посветете се на актуелниот дечко.

Не глумете

Можеби ви се чини дека лесно можете да го измамите и да одглумите оргазам, но подобро немојте, повеќето многу добро знаат кога се глуми. Поради такви лаги во врската мажот можеби би сакал и да прекине. Никој не сака неискреност.

Не срамете се од своето тело

Самоуверените девојки немаат проблем со тоа, но срамежливите би можеле да им дојдат на живци на момчињата, особено во кревет. Тој воопшто нема да биде воодушевен ако до вашето тело треба да се пробива низ неколку слоја покривачи, ќебиња и чаршафи. Престанете да го гасите светлото и да се обвиткувате во чаршафи, бидејќи така ќе привлечете внимание на својот голем задник или стомак, а нему во тој момент тоа воопшто не му е важно. Ако не сте му се допаѓале, не би лежел со вас во кревет.

Не критикувајте го

Критиката за време на секс е навистина непотребна. Особено на почеток на врската, момчето не знае што ви одговара, кое темпо и која точка, но обидете се тоа да не го вербализирате во истата секунда. Можете да го насочувате, неговите бакнежи и допири, да успори или да забрза, а лекциите оставете ги за некоја друга прилика.

“И тоа е тоа…“

Оваа фраза можете да ја употребите само кога ќе зготвите ручек и ќе го поставите на масата. Но со друга интонација, по сексот, немојте ни да помислите. Тоа ќе го закопа за сите времиња. Мажите некогаш се задоволуваат и со пократко време или им треба пауза, но не е секогаш така, па не реагирајте уште на првиот пат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma