Што да купите за милион долари

popara19 ноември, 20113min00
one-million-dollars

Имате неколку милиони долари вишок а не знаете каде да ги потошите? Можеби еден краток осврт на најексклузивните и најскапите предмети на светот ќе ви помогнат да ја донесете одлуката…

Apple iPhone 3G Kings Button – 2,5 милиони долари

Овој модел има 32GB интерна меморија а направен е од жолто, розе и бело злато и украсен со 138 дијаманти. Наместо класичните копченца направени од пластика, кај овој модел тој материјал е заменет со шескаратни дијаманти.

iPad 2 Zlatno izdanje – 8 милиони долари

Да погледнеме кои се материјали се користени за правење на овој ултра-луксузен таблет: 16-каратни дијаманти, поединечни дијаманти од 8,5 карати, 2 килограми 24-каратно злато, 57 грама 65 милиони години стари коски од тираносаурус рекс и 75 милиони години стар амолит, најредок драг камен во светот.

Златен Tata Nano – 4,6 милиони долари

Овој автомобил покриен е со дури 80 килограми 22-каратно злато, 15 килограми сребро и 10.000 други полудраги камења како бисер, смарагд и рубин.

Гинза Танаке рачна торба – 1,6 милиони долари

Платинеста торба на јапонскиот дизајнер на накит Гинза Танаке опточена со 2.182 дијаманти со вкупна тежина од 208 карати. Ремените на оваа торба можат да се симнат и да се носат како огрлица или нараквица. Исто така поседува и осумкаратен дијамант кој може да се носи посебно како брош.

Aura Dijamante – 1,3 милиони долари

Ова супер-ексклузивно пенкало направено е од платина и украсено е со повеќе од 30 карати дијаманти.

Дијамантски корнет – 1 милион долари

Овој дијамантски корнет направен е за фирмата „Bruster’s Real Ice Cream“ и се состои од 20 унци бело и жолто злато и 548 дијаманти.

Чевли Хенри Винстон – 3 милиони долари

Овие чевли украсени се со 4.600 рубини со вкупна тежина од 1.350 карати како и 50-каратни дијаманти, а креаторот Хавиер Барери му требало повеќе од два месеци да ги направи. Произведени 1989 год., најскапите обувки на светот биле на продажба до 2000 год.

Бугати Вејрон Суперспорт – 2,4 милиони долари

Ова е далеку најскапиот уличен автомобил достапен на пазарот – „основниот“ Вејрон чини околу 1,7 милиони. Забрзува од 0-100 за неверојатни 2,5 секунди а максималната брзина му е 430 km/h.

Азискиот Фендер Стратокастер – 2,7 милиони долари

Оваа гитара е продадена на аукција во Катар 2005 год., а целиот приход бил наменет за жртвите од цунамито. Гитарата е потпишана од страна на Мик Џегер, Кит Ричардс, Ерик Клептон, Брајан Меј, Џими Пејџ, Дејвид Гилмор, Џеф Бек, Пит Таусенд, Марк Кнофлер, Реј Дејвис, Лиам Галагер, Рони Вуд, Ангус и Малком Јанг, Пол Мекартни, Стинг, Ричи Блекмур и Брајан Адамс. Била купена од страна на кралската фамилија за 1 милионкој е дониран во добротворни цели. Гитарата покасно повторно е продадена за 2,7 милиони и повторно сите пари се наменети за хуманитарни цели.

Олимпик Аустралис – Кралица на сите драги камења – 2 милиони делари

Олимпик Аустралис е највредниот драг камен на опал на светот. Овој драг камен исто така е најголемиот и најтешкиот на светот со тежина од 17.000 карати (3.450 грама), со должина 280мм, висина 120 и ширина од 115мм. Она што кај овој драг камен е извонредно е тоа што е направен од 99% вистински опал, со само 1% нечистотија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma