Што да направите за вашата сакана? Мажи внимавајте и применете!

popara10 септември, 20111min00
sakana

Ако сте во врска, пробајте да направите некоја од овие, навидум ситни работи и бидете сигурни дека ќе уживате во ефектот кој ќе го постигнете со нив.

–          Секој сака да чуе убави работи за себе. Особено жените! Ако умеете да делите комплименти, не дозволувајте било што да ве сопре. Не мора да претерувате и да ја фалите саканата за сè што ќе направи или каже. Ако не сте многу вешт, и суптилните комплименти можат да завршат работа.

–          Колку пати досега сте се понудиле да помогнете низ дома? Или нешто да поправите, да појдете во супермаркет и да пазарите или барем да решите заедно со неа некој нејзин проблем што таа го има на работа? Дури и ако не ве бива за ништо од ова, барем понудете се. Тоа ќе ви донесе многу позитивни поени!

–          Кога последен пат сте ја изненадиле вашата жена? Не мора да организирате раскошна вечера. Едноставно однесете ја во диско и поминете си супер или пак, прошетајте низ продавници и купете ѝ некоја интересна ситница. Жените се благодарни и за најмалото внимание.

–          Кажете ѝ колку ви значи. Верувајте, ќе одлепи од среќа. Повеќето мажи само по неколку недели ја земаат женската здраво за готово. Не дозволувајте тоа да ви се случи и на вас!

–          Доколку сакате да добиете ќотек и да бидете исфрлени од станот, слободно споредете ја сегашната женска со поранешната. Жените се многу чувствителни кога станува збор за споредба со други жени, па затоа не ја споредувајте ниту со познатите личности, а особено не со мајка ви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma