- Мини со долги ракави
Ако имате добри нозе, претстојнава есен, покажете ги во заводлив мини фустан со долги ракави. Доста е модерно и ќе ви биде за нијанса потопло во долгите ракави.
2. Кожни панталони
Ако се одлучите за оваа варијанта, знајте дека секогаш ќе се чувствувате како рок ѕвезда и ќе добиете желба да ги носите секој ден. Можат да се комбинираат со секаква боја и модел.
3. Секси пруги
Неопходно парче за оваа есен треба да биде било каков фустан или џемпер со пруги.
4. Елементи на џунгла
Побарајте по продавниците облека со елементи од џунглата, стил-камила или парчиња кои потсетуваат на племиња. Тренди е и доста провокативно.
5. Нежни тантели
За посекси изглед оваа есен, направете место во вашиот плакар за нешто на кое има доволно чипка. Не се танталите само за завеси!
6. Метален сјај
Ако се решите да купите еден вечерен фустан, нека биде сребрен, златен или бронзен. Тоа ќе биде ин оваа есен.
7. Кратки панталони
Заборавете на костимот за интервју и изберете еден со кратки панталони. Комбинирајте ги со шик сако и обична маичка.