Што направи модерно време – на детенце ќе му го менуваат полот за да стане жена! :(

popara1 октомври, 20111min00
tomas

Единаесет годишниот Томас Лобел од Калифорнија, кој себе сака да се нарекува Тами, бил подложен на контроверзна процедура на хормоснки блокатори за да се спречи во пубертетот да помине како момче.

Неговите две мајки, кои инаку се лезбејки, го имаат посвоено детето кога имало 2 години, изјавиле дека сите ги критикувале што дозволиле единаесетгодишното момче да го менува полот. Тие додале дека никогаш не влијаеле на Томас да посака да стане девојче.

Според нивните зборови Томас на три години прв пат рекол „јас сум девојче“, а денеска веќе се облекува и однесува како девојче.

Двете мајки на Томас кажале дека детето порано било многу депресивно и дека се заканувал дека ќе си го отсече пенисот, поради што го воделе на психијатар, кој констатирал дека Томас има нарушување на родовиот идентитет.

„Штом ќе му дозволевме да облече фустан, неговата личност веднаш се менуваше. Од тажно дете, се претвараше во весело девојче“, изјавила една од мајките за CNN. Тами ова лето почнала да зима блокатори на хормони, кои ќе спречат низ пубертетот да помине како момче. Лековите ќе одложат на момчето да му растат влакна по лицето, да не му се менува гласот и да се развие во рамениците.

Неговите мајки тврдат дека овој случај нема никаква врска со нивната сексуална ориентација. Покрај Томас, односно Тами, тие имаат и два постари синови и неколку внуци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag