Во Мамбај, Индија е претставен првиот автомобил на светот обложен со злато, сребро и скапоцени камења. Индиските инженери го создадоа Goldplus Nano, искористувајќи го Nano Tata, и го украсија со 80 килограми 22 каратно злато, 15 килограми сребро и 10000 скапоцени камења. Инаку Nano Tata го има приматот на најевтин автомобил на светот а неговата цена е 3000 американски долари. За разлика од него неговото „братче“ Goldplus Nanо е вреден неверојатно 4.680.000 американски долари.
Следното видео е презентација на тоа како се китеше најевтиниот автомобил на светот.