Што не ги интересира девојките за”бившата”?

popara11 септември, 20111min00
Happy Couple

Познато е дека на никому не му е мило да зборувате за бившата, а жените под тоа прашање се доста почувствителни. Никако не сакаат да ги споредувате со поранешната, а не дај Боже да кажете дека во нешто била подобра.

Жените по природа се љубоморни. Разликата е во тоа што некои жени имаат подобра самоконтрола и вешто знаат да ја прикријат љубомората. Сепак, кога се работи за поранешна женска, скоро секоја жена тешко може да се воздржи и да не покаже барем мал знак на љубомора. Иако на мажите ова им е многу јасно, некогаш како да забораваат и знаат да испуштат по некој неумесен збор или забелешка.

Да знаете дека реченицата: „Но, ти си поубава“ никогаш нема да ве извади, ако длабоко се заплеткате во приказната. Кога се работи за бившата има неколку работи кои не смеат да ви паднат на памет да ги изговорите.

Можеше да биде супер модел.

Ако сегашната девојка не работи како модел за Викторија Сикрет, немојте ни случајно да спомнете дека бившата била згодна, дека имала долги нозе и ги поседувала сите други предиспозиции за да стане модел. Девојките мразат да слушаат за бившите, а особено не дека биле убави, успешни и паметни.

Супер се сложуваше со мајка ми

Мама ја обожаваше. Оваа реченица смеете да ја изговорите само ако сакате да станете слободни. Оваа изјава би створила дополнителен притисок ако вашата мајка, не дај Боже, некогаш не ја поздрави сегашната девојка со широка насмевка на лицето.

Другарите многу ја сакаа

Не е паметно да зборувате како вашите пријатели одлично се сложувале со бившата. Сегашната би помислила дека вие сеуште ја сакате бившата, па тогаш која е причината да бидете со неа?

Во кревет беше…

Таа сакаше да експериментира под чаршафите. На вакви и слични реченици може да добиете одговор дека треба да си ја побарате бившата и пак да си лудувате во незаборавниот секс. Ако веќе навистина сакате да експериментирате, позборувајте за тоа директно со партнерката, без никакви споредби.

Очи, гради, усни…

Имаше добри гради, полни усни… Навистина сакате да се скарате со девојката? Можеби жените се малку параноични кога станува збор за физичката убавина, но ваквите изјави ја тераат секоја жена да помисли дека не е вистинската за вас.

Сеуште копнее за вас

Ако сакате да излезете фраер и да се пофалите дека бившата сеуште трча по вас, верувајте ќе влезете во сериозен проблем. Девојката веднаш би помислила дека може да ве изгуби поради поранешната, а вам тоа не ви треба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma