Заведувањето често се нарекува уметност. Сите мажи имаат различен стил на заведување, но некои од нив тешко можат да се наречат уметност.
Додворувач- Тој ќе ви дели комплименти постојано, шармантен е и слаткоречлив. Иако на изглед делува дека добро знае што прави, додворувањето може да биде одраз на неговата несигурност. Несигурниот маж ќе ги пофали вашите квалитети кои се извор на неговата несигурност.
Ништо без допир- Тој нема да се контролира да не ве допре за време на разговорот, било оа да е по рака, лице, врат…. Иако најчесто се директни и сензуални, со своето однесување ќе настојува да го покрие недостатокот од емоции.
Зависник на безбедноста- Тој на вас нема да ви се доближи доколку не е сигурен што сакате и доколку не му дадете знак дека сте заинтересирани. Вашето внимание и наклонетост ќе настојува да го придобие со хумор, кој најчесто му служи за да ја сокрие сензабилноста.
Внимателен- Може да ви изгледа дека е многу заинтересиран бидејќи сака да знае се за вас, но бидете внимателни доколку избегнува да зборува за себе. Неговата љубопитност може да се толкува како потреба да сокрие нешто за себе, па затоа ќе ве остави вие да зборувате