Што порачуваат мажите со подарокот :)

popara13 септември, 20111min00
love

Еден подарок од саканата особа може да ни го разубави денот, да направи да се чувствуваме посебни и љубени. Но, дали некогаш сте размислувале каква скриена порака носат подароците и што значи тоа што тој ви подарил чоколада, парфем или накит?

Психолозите тврдат дека потсвеста е чудна работа и дека може да ни открие многу повеќе работи за личноста отколку што мислиме. Ова истражување е спроведено само врз мажи и еве што открија научниците за карактерот на оној кој подарува:

Чоколада – Сака длабок однос

Ако од партнерот добиете чоколада, без обзир дали е со повод или само онака, тогаш знајте дека му значите и дека сака да се поврзе со вас на подлабоко ниво. Подарокот – чоколада значи дека тој ве доживува како посебно мила и драга личност, а не како што мислат повеќето жени, дека ова е неинвентивен подарок. Овие машки се романтични, сигурни во својата љубов и жената ја сметаат за важен дел од својот живот.

Накит – Сака да се ожени со вас

Ако дечкото најчесто ви подарува накит, тој веќе ве гледа како сопруга, односно жената со која сака да остари. Без разлика дали накитот е скап или не, тој симболизира желба за трајно врзување.

Парфем – Се плаши од врзување

Несвесната порака на парфемот како подарок е дека сте му привлечна и мила, но дека ве смета за додаток во својот живот. Парфеми подаруваат мажите кои се плашат од врзување и за нив е важно покрај себе да имаат убава жена на која другите ќе им завидуваат. Очекуваат жената секогаш да биде во нивна сенка.

Домашно милениче – Размислува за семејство

Кога ќе добиете ваков подарок, тоа значи дека дечкото веќе сака да премине на друго ниво од врската. Домашното милениче претставува обврска и преданост, па мажите така и ја доживуваат личноста на која и подаруваат животни.

Патување – Вие сте му сè

Ако ве изненади со патување ви порачува дека вие сте сиот негов свет. Не му е тешко да го смени цел живот за да бидете среќни и не е премногу врзан за мајка му. Ќе направи сè што ќе побарате од него. Овие мажи се реални, одмерени и сигурни во себе.

Книга – Мисли дека добро ве познава

Убеден е дека ве знае целосно. Ваквите мажи се предвидливи, стабилни и верни.

Скап подарок – Несигурен дечко

Скапите подароци симболизираат моќ и несигурност кај мажите во врска. Тие ги купуваат подароците во последен момент и не се заинтересирани за сериозна врска. Со нив ќе си имате мака бидејќи најчесто се бунтовници, секогаш се сами и против сите.

Цвеќе – Страствен дечко

Овие мажи се страсни и сензуални.

Ако добиете лале, тој е горд и по малку загрижен за вашата врска, но секогаш спремен да ви прости.

Ружата значи дека силно ве сака, дека ви е верен и се радува на секој нов ден со вас.

Орхидејата говори дека сте му многу блиски и дека сите тајни ги споделува со вас.

Нарцисот го подаруваат себични мажи кои ве сакаат, но на прво место си се тие самите.

Каранфилот порачува дека тој засекогаш ќе ја чува вашата љубов.

Магнолија подауваат отмени и достоинствени луѓе кои се надеваат дека сте им вистинската љубов. Можат да бидат и неверни.

Виолетово цвеќе открива нежен, верен маж, а портокалово енергичен и горд. Бело цвеќе подаруваат чувствителните и романтични типови, а црвено – страствените љубовници. Љубоморните подаруваат жолто цвеќе. Тие секогаш за нешто се грижат, но ќе ве сакаат безусловно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma