Што се можете да направите од јаболко?

popara1 септември, 20111min00
jabolka

До сега сигурно барем еднаш сте направиле колач од јаболко или пита со јаболка. Ако сакате да пробате нешто ново тука се четири интересни идеи како уште би можеле да го искористите ова овошје.

Кашест сок

Обично пиете бистар сок од јаболко? Пробајте кашест! Тој содржи 4 пати поголема концентрација полифенол од бистриот сок. Полифенолите се активни антиоксиданти кои превентивно делуваат на кардиоваскуларните болести и рак. Направете го лесно со неколку свежи јаболки во соковникот.

Чипс од јаболко

Излупете ја јаболката така што ќе оставите малку смеса. Не ја фрлајте кората. Со соодветен кружен нож отстранете ја средината со семки и исечете ја јаболката на парчиња од пола сантиметар до сантиметар. Добиените прстени и кората ставете ја во хартија за печење. Ставете ја во релната и оставете ја да се суши 6 до 8 саати на температура од 60 степени целзиусови. Во првиот саат време оставете ја вратата од релната отворена за да се овозможи подобро испарување. За да не пресушат јаболко прстените, чувајте ги во кутија која може херметички да се затвори.

Чај

Сувата кора исецкајте ја ситни мали парчиња, од која ќе добиете многу вкусен плоден чај.

Декорација

Големата јаболка може да послужи и како свеќник. Со соодветен нож отстранете ја средината од  јаболката и во нејзе ставете ја свеќата и украсете ја со сатенска машна, советува Сенса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma