Што зборува домашното милениче за него?

slobodan2 февруари, 20111min00
Weiner dog man

Според еден италијански магазин, направена е интересна класификација на мажите во зависност од тоа какво домашно милениче одбрале да чуваат.

Сопственик на риби. Психолозите тврдат дека мажите кои ги одбрале рибите како миленичиња, се педантни, пребирливи и сакаат да ја анализираат жената од дистанца. Овие мажи сакаат да имаат мирен живот.

Сопственик на куче. Тоа се емотивни мажи, кои веруваат и прават сѐ за пријателите. Тие се сентиментални, љубезни и сакаат деца. Но, овие карактеристики важат само за оние кои избрале дружељубиви кучиња. Оние мажи кои чуваат агресивни кучиња, обично се агресивни, сакаат да доминираат, тврдоглави и по малку мрзеливи.

Сопственик на мачка. Мажите кои чуваат мачка се безволни, најудобно им е дома, неодговорни се и потешко донесуваат животни одлуки.

Сопственик на егзотично милениче. Мажот кој го дели домот со ваков тип на миленичиња, е инветивен во кревет. Тој сака на себе и блиските луѓе да им го направи животот поинтересен.

Сопственик на глодари. Мажите кои се одлучиле да чуваат хрчаци, морски прасиња и слично, сакаат својот дома да го направат идеално место за живеење. Тие се многу економични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma