Викиликс предложен за Нобелова награда за мир

2 февруари, 20110
1152_WikiLeaksWallpaper
Норвешкиот пратеник, Снор Вален ја предложи интернет страницата Викиликс за годинешнава Нобелова награда за мир бидејќи смета дека тој сајт ја поддржува транспарентноста во светот, јавуваат светските агенции.
“Викиликс придонесе за промоцијата на човековите права откривајќи корупција, воени злосторства и тортура“, оценува Вален.
По објавувањето на доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан, Викиликс на 28-ми ноември 2010 почна да објавува стотици илјади американски тајни дипломатски документи што предизвика жестоки критики од САД и нивните сојузници.
Експертите претходно велеа дека е можна кандидатура на Викиликс и Џулијан Асанж, нејзиниот сопственик за Нобелова награда за мир, но тоа не значи дека тие се и фаворит за добивање на истата.
Името на добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде познато во октомври оваа година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *