Што жените сакаат, а мажите… мразат?!?

popara7 октомври, 20111min00
sto zenite sakaat

На оваа тема може да се направи еден километарски список. По природа мажите се од Марс, а жените се од Венера, односно постојано се спротивставени. Затоа издвојуваме неколку работи што жените навистина ги сакаат, а на мажите им се „крева коса“:

Огромна торба: Жените уживаат во огромни торги во кои може да собере машина за перење, а мажите се чудат како тие се снаоѓаат во нив и како не им е мака да ги носат со себе.

Танцување: Генерално мажите мислат дека се премногу кул за да играат. Не се, ама тие мислат така…

Озборување: Мажите не сакаат девојки кои озборуваат. Што не значи дека тие некогаш не се најголеми „трачари“, ама тоа нема врска J.

Малечки кученца: Мажите не можат да ги смислат чивавите и останатите мали кученца, особено ако се облечени во слатки џемперчиња или фустанчиња. Куче си е куче, да лае и да чува…

Мидер: Мажите не сфаќаат зпшто жените носат мидери, односно затегнувачи кои се навистина неудобни. Нека ги видат жените без нив, веднаш ќе ги засакаат!

Љубовни серии (тука влегуваат сите турски, шпански, и останати): Мажите не сфаќаат како може жените да гледаат срцепарателни „глупости“ кога на телевизија има фудбалски натпревар. Особено ако се приморани да го гледаат на малиот телевизор…

Љубовни игрици: Играњето со машкиот ум е многу интересен дел од животот на секоја девојка. Момците често не сфаќаат дека се дел од некоја женска завера…

Шопинг: Последна, но и најомразена активност за машкиот пол. Повеќето мажи се расположени да се испокараат пред да шетаат неколку часови по продавници со својата девојка/сопруга/швалерка/сестра…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag