Што знаете за сексуалната хемија?

popara5 октомври, 20111min00
sara-longman-sex-scene-top

Секој барем еднаш бил во ситуација да помине покрај некоја личност и за момент да почуствува неодолива привлечност. Не можете да го одвоите погледот, срцето ви чука забрзано, никој освен вас двајца во тој момент не постои.

Но понекогаш привлечноста се прикрадува полека, со тек на време како запознаваме некого. Еден ден сфаќаме како таа личност сексуално не привлекува.

Без разлика дали е во прашање изгледот, гласот, ставот, или однесувањето, привлечноста секогаш ја препишуваме на нешто мистериозно што го дефинираме како хемија.

Но таа хемија не е толку мистериозна. Таа не е ниту она што научниците ја познаваат- инстиктивен начин на препознавање на потенцијален партнер за репродукција, односно тој кој има одговарачки склоп на гени.

Хемијата всушност започнува во нашите мисли. Потсвеста ги препознава сигналите и симболите, обично физичките карактеристики на другата личност и ги интерпретира во склад со нашите лични фантазии. Создаваме приказна заснована на сопствената историја. Тоа се случува толку брзо што деталите остануваат надвор од нашата свест.

Кога доаѓа до поклопување помеѓу фантазиите и физичките карактеристики, се создава тоа чувство на возбуденост.

Се случува и кога ќе сретнеме некој да имаме чувство дека срцето сака да ни излезе, но кога подобро ќе ја запознаеме таа личност сфаќаме дека таа воопшто не ни се допаѓа – тогаш фантазијата исчезнува, а со неа и привлечноста.

Што е тоа што го чувствуваме во друго човечко тело? Сексуалните антени се организирани во интеракција со сетилата – визуелни, аудитивни и мирисни, нашата перцепција се сведува на психолошкото значење на овие сигнали.
Идејата за привлечност се разликува помеѓу културите. Така да, плавата коса укажува на ведра и грижлива личност, смеѓа на озбилна и сигурна; многу темна коса е знак за егзотичност, сензуалност или опасност, додека црвената покажува на страст.

На сличен начин високите мажи одаваат впечаток на сила и заштита, додека ниските жени делуваат на млади и енергични. Мускулестите мажи се одраз на сексуалност и здравје. Големиот пенис значи мажот да пружи надчовечко задоволство.

Исто така, секој има свое мислење за мирисот, но прифатено е правилото дека нежните парфеми на жените и природните мириси на мажите се најпривлечни.

Личноста која ја сметаме за „свој тип,” ги содржи овие квалитети кои ги сметаме за атрактивни, иако често не можеме да си објасниме зошто. Кога ќе се појават повратните сигнали, започнуваат фантазиите.

Способноста за декодирање на оној што не привлекува на основа на сексуалната фантазија е главниот чекор во интелегентната страст. Со вежби можеме да постигнеме да ги разбереме сексуалните знаци, нивните значења и компатибилноста со нашите сексуални желби.

Спремни со вакво знаење, ја зголемуваме шансата за избор на партнер со кој сме во потполност сексуално компатибилни.

Наредниот пат кога ќе чекате превоз или ќе се шетате во трговскиот центар, одберете непозната личност која ќе ја сметате за физички атрактивна. Обрнете внимание на нејзините очи, коса, кожа, уста, тело, висина, раце, стапала и став. Ако зборува, слушнете ја бојата на гласот, акцентот и стилот, а ако сте доволно близу пробајте да го почуствувате и мирисот.

Имајте на ум дека постои разлика помеѓу физичките и сексуалните привлечности. Запрашајте се што е тоа што ве привлекло кон таа личност. Дали е ваш тип? Дали ги достигнува вашите сексуални фантазии? Оставете ја фантазијата достапна.

Интелегентната страст е надвор од сфаќањата за значењето и смислата за фантазија и вистински желби. Таа се однесува на создавање на важен и задоволителен сексуален живот.

Знаењето за примерите за сексуалната хемија е клучниот елемент на овој процес. Тоа ни овозможува да ги идентификуваме и да ги интерпретираме карактеристиките и особините кои не привлекуваат кај другите луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag