Штрудла со јаболка и цреши

popara8 декември, 20111min00
strudla

Потребни состојки:

6 големи јаболка

200 гр. конзервирани цреши

300 гр. шеќер

1 лажичка цимет

1 пакување кори

Масло за јадење

Припрема:

Измијте ги јаболката, излупете ги и исецкајте ги на коцки. Во тавче на оган ставете ги јаболката, конзервираните цреши, шеќерот и циметот и гответе се додека шеќерот целосно не се растопи. Оставете ја смесата да се излади.

Намрсетеја  тавата за печење. Извадете две кори и на едниот крај ставете од смесата со јаболка, па потоа свиткајте ролат. Повторете ја постапката се додека имате кори. Ставете ги штрудла ролатите во тавата за печење и печете 30тина минути на температура од 180 степени.

Кога штрудлата ќе се испече, исечете ги ролатите на парчиња со должина од 10 сантиметри. Ставете ги во чинија за сервирање, а по желба може да ги посипете со шеќер во прав. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma