Шупливо дрво „проголта“ човек!

popara27 октомври, 20111min00
1

Еден американец успеал да спаси жива глава, откако останал заглавен во шупливо дрво во Лагуна Хилс, Калифорнија, а од таму го извадиле пожарникари.

Кога пристигнала помошта, пожарникарите од шупливото дрво можеле само да ја видат главата на човекот и рацете, а спасувањето траело повеќе од еден час.

„Незнам што барал таму“, изјавил еден од спасувачите, додавајќи дека дел (околу еден метар) од ова шупливо дрво се наоѓало под земјата.

Не е познато колку време човекот бил заробен во шупливото дрво, а медиумите пренеле дека некој ги чул неговите извици за помош и повикал полиција.

Човекот не бил повреден, но затоа дрвото морало да трпи, па така пожарникарите морале да исечат дел од дрвото.

Каде точно тргнал човекот и што барал во шупливото се уште не е познато…