Сан Франциско – американскиот композитор Фил Хил, познат како НЛО Фил, решил на Алкатраз, познатиот затворски остров во близина на брегот на Сан Франциско, на вонземјанците да им изгради пирамида?!
Идејата му е инспирација од Кеопсовата пирамида во Гиза, но бидејќи островот е премал за нешто такво, еден дел од пирамидата ќе биде потпрен на подводен столб.
Тој во разговорот за американски сајт потврдил дека има нацрти кои наводно му ги оставиле суштества од други планети.
Исто така, тој тврди дека тоа не се само шематски планови за изградба, туку тајна формула со која египетските пирамиди произведувале енергија од водородот.
Фил одамна тврди дека пирамидите на Гиза се изградени од вонземјани и дека тие им служеле како пумпи од кои црпеле енергија како гориво.
httpv://www.youtube.com/watch?v=8cOcKwKu8FU