Данската убавица Хелена Кристенсен, еден од најбараните и најплатените модели во 90-те го покажа своето тело во бикини на плажа. Таа изјавила дека е застаршувачки да се оди на плажа и да се соблечеш во бикини. Треба многу труд и откажување од многу работи за да го одржам моето тело, изјавила таа. Во 80-те и 90-те таа имала титули за модел со најубаво тело, и многу од светски познатите дизајнери го потврдиле тоа. Во светот на модата Хелена влезе на 18 години, а сега на 42 изгледа убаво како и некогаш… Нејзиното тело изгледа поубаво од она на нејзините помлади колешки. За тоа таа напорно работи, а признала и дека два пати неделно тренира бокс, само за да ги зацврсти мускулите на своето тело. И на 42 години, таа продолжува да се слика за познатите брендови. Нејзина последна работа е фотосесијата на долна облека на Триумф, каде со мала помош на фотошоп таа изгледа прекрасно.