Си ги осигурала рацете на 5 милиони фунти, а ги негува со масло од 2 евра! :)

popara23 ноември, 20111min00
gh

Британката Џема Ховорт, која инaку е најпознатиот (hand model), а нејзините раце се појавуваат во многу реклами, ги осигурла рацете на 5 милиони фунти, а во едно интервју објаснила како ги негува.

27 годишната Џема чии раце се „вметнати“ во фотографиите на разни ѕвезди како што се Кејт Мос, Лики Кол и Кајли Миног, дневно заработува и до 2500 фунти, но затоа мора постојано да ги пази своите дланки и раце, да ги негува и да се откаже од најразлични активности. Таа изјавила дека садови не ни помислува да мие, не сецка овошје, зеленчук, внимава кога носи ќеси и не изгледува на сонце без највисок заштитен фактор нанесен на рацете или пак ракавици.

Џема има снимено над 250 тв реклами, илјадници плакати, а изјавила дека ги пробала сите можни производи за нега на раце и заклучила дека бадемовото масло, кое чини само 1,8 евра дефинитивно е најдобро. Покрај тоа девојката има строг режим на исхрана, избегнува масти, шеќер, алкохол и кофеин.

„Имам пробано многу производи за нега на раце, но бадемовото масло е најдобро. Тоа е моето тајно оружје за совршено меки дланки“, изјавила Џема, а додала дека решила да ги осигура рацете бидејќи тие и се единствен извор на приход.

„И најмала гребаница или лузна за мене може да биде огромна загуба, затоа се одлучив да ги осигурам рацете и сега сум многу помирна“, изјавила британката.

httpv://www.youtube.com/watch?v=zjkHC9AhmHU

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma