Хенри Квортруп, дански политички коментатор, го изеде својот шешир од слама во емисија која одеше во живо. На овој потег се одлучил бидејќи во 2010 ветил дека ќе го стори тоа доколку Либералната Партија во Данска влезе во парламентот, и тоа се случило. Во времето кога Хенри ветил дека ќе го изеде својот шешир Либералниот сојуз на партии имал 0 % поддршка од граѓаните на Данска.
„Шеширот го варев 12 саати, 4 пати ја менував водата како би се изгубил вкусот и мирисот на слама. Го варев со морков и целер“ истакнува Хенри.
Откако ја изел порцијата со сварен шешир, на неверување на сите истакнал дека вкусот бил неверојатно добар.
http://www.youtube.com/watch?v=NzihGkVIb54&feature=player_embedded