Си ограбил банка, па отишол да си се почести

popara11 октомври, 20111min00
9. si ograbil banka pa otisol da si se pocasti

Хенри Елмер 56 години ограбил банка и веднаш после тоа си седнал во најблискиот ресторан и си порачал пица и пиво.

Полицијата во Аризона го привела 56 годишниот Хенри Елмер додека со украдениот плен уживал во еден ресторан во близина на местото на злосторот.

Тој влегол во банката вооружен со нож и оттаму излегол со непозната количина пари. По грабежот влегол во првиот ресторан кој му дошол на пат и си нарачал пица и пиво. Сметката си ја платил со украдените пари. Полицијата соопштила дека Елмер бил лоциран пред да му биде донесена нарачката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma