Сијамските близнаци Џошуа и Јакоб Спатс дојдоа на свет со помош на царски рез пред шест недели пред терминот во јануари оваа година во Мемфис – САД. „Споени со долниот дел на рбетниот столб шансите да преживеат беа сведени на минимум доколку не се направеше сложена операција“ истакнуваа докторите. Но тие ја победија статистиката и преживеа по 13 часовната операција за нивно раздвојување. И од тогаш браќата можеа да се видат лице во лице.
Докторите од детската болница „Le Bonheur“ во Мемфис и понатаму постојано ја следат ситуацијата со браќата, но веруваат дека најлошото сепак поминало.
Јакоб е сеуште на интензивна нега и се спрема за уште неколку операции. Тој има проблеми со срцето кои не се од големи размери. Братот на Јакоб, Џошуа се чувствува многу подобро и е спремен да си оди дома.