Симптоми на ракот кои најчесто ги игнорираме

popara11 октомври, 20111min00
0422007.48

Голем број на луѓе ги занемаруваат раните знакови на ракот, се консултираат со нестручни личности и одат на доктор кога работата е смртно озбилна. Препознајте ги првите знакови и побарајте помош на време.

Рутинските тестови како папа-тестот и колонскопија се многу важни за раната превенција од рак, но за да препознаете болест на време треба да обратите внимание на симптомите кои можете и сами да ги воочите.

Важно е да ги занемарувате невообичаените, нови и необјасниви симптоми. Иако нив може да ги предизвикаат и помалку опасно болести, доколку потраат, вреди да се провери состојбата кај докторот. Не сакате да се придружите на оболените од рак, кои кај докторот дошле во напредна фаза од болеста, кога шансите за да се излечите се многу мали.

Потешкотии со дишењето

Еден од првите знакови на ракот на плуќата, на кој оболените се сеќаваат покасно, е губењето на дишењето. „Не можев да се прошетам низ дворот без да се задишам. Мислев дека имам астма, но зошто ја немав порано?,” се присетува една пациентка.

Рак на штитната жлезда исто така може да предизвика проблеми со дишењето, доколку чворот или туморот го притиснуваат душникот. Било какви проблеми со дишењето кои траат подолго време, се причина за посетување на доктор.

Проблеми со голтање и засипнатост

Проблемите со голтањето се поврзуваат со појавата на ракот на гркланот, а тоа некогаш е знак и за рак на плуќата. Засипнатост, потивкиот глас или чувството дека нешто ви го притиска гркланот може да биде ран знак за ракот на штитната жлезда. На истото може да укажува и чувството дека нешто застанало во дишникот.

Температура и инфекција

Ова може да биде знак на леукемија, ракот на крвните зрнца, кој започнува во коскената срж. Леукемијата предизвикува коскената срж да произведува абнормални количества на бели ќелии, па целото тело не може да се бори со инфекции. Докторите често ја дијагностицираат леукемијата дури откако пациентот се жали на температура, болка и симптоми слични на грип кои траат подолго време.

Гастритис

Можеби звучи чудно, но болката во стомакот на некои луѓе им го спасила животот бидејќи докторите на време ги пратиле на ултразвук и откриле дека имаат тумор на јетрата. Грчевите во желудникот или често проблемите со желудникот можат да предизвикаат и рак на цревата. Многу оболени од ракот на цревата изјавиле дкеа нивните доктори мислеле дека боледуваат од чир.

 

Не се грижете бидејќи бабата, мајката и сестрите се здрави

Иако луѓето често мислат различно, генетиката е пресудна во помал број случаи. Конкретно, за ракот, туморот на дојките, во 95% случаи пресудна е случајноста. Во мал број на случаи пресудна е генетиката.

 

Слабост и умор

„Непрестано имав потреба да седнам, а една вечер бев преуморна да се однесам дома,” изјавила една жена опишувајќи го уморот со чија помош открила дека боледува од леукемија. Слабоста и уморот, се симптоми на разни облици на тумор, па важно е да се воочат и други симптоми. Во секој случај, ако без никаква причина се почувствуате уморно, а подолгото спиење не помага уморот да престане, разговарајте со доктор.

 

Необјаснив губиток на тежина

Воочете дали килограмите се намалуваат, и покрај тоа што не сте го промениле начинот на исхрана или вежбањето, мора да се запрашате што се случило. Губењето на килограмите може да биде симптом на ракот на црево и други тумори со побавен такт. Укажува и на рак кој се проширил на јетра, бидејќи влијае на апетитот и способноста на телото да отстранува нечистота.

 

Промена на ноктите

Необјасниви промени на ноктите може да предизвикаат разни облици на тумор. Смеѓата или црна црта или точка под ноктите може да укажува на рак на кожа. Нова појава на искривени нокти (со раст надоле од врвовите на прстите) може да укажува на рак на плуќата. Бледите и бели нокти може да укажуваат дека јетрата не функционира како што треба, и тоа понекогаш укажува на рак на јетрата.

 

Хронична „желудна киселина”, и чувство на ситост после помал оброк

Најчест ран знак на рак на желудникот е болката во горниот или средниот дел на абдоменот. Ве боли уште повеќе ако јадете. Збунува фактот што симптомот се губи откако ќе земете средства против болка во стомакот, што ве води до крив заклучок дека се работи за помал проблем. Доколку имате чести напади на желудна киселина и болка во стомакот, и чувство на ситост по помали оброци, посетете доктор.

 

Најубиствен е ракот на плуќата, па ракот на дојките

Ако се гледа најголемата смртност од тумор, во зависност од органите, на прво место е туморот на плуќата.

 

Хронични киселини во стомакот

Ако сте изеле голема пица, киселините се можна реакција на желудникот, но ако киселините зачестат или ве прати непрестана мала болка во градите откако ќе се најадете, одете на доктор и барајте тест за рак на хранопроводот.

 

Проблеми со цревата

Запекот, диареа или некоја друга промена на столицата може да укаже на рак. Доколку потрае подолго од неколку дена, а нема вистинска причина (немати ни грип, ните сте отруени со храна), треба да се загрижите. Оболените од рак на дебело црево често кажуваат дека имале честа столица и дека во потполност не ги празнеле цревата. Една од првичните знакови на ракот на панкреасот е масната столица, која е честа, поголема, бледа и има понезгоден мирис од нормалниот. Тоа е знак дека телото не ја апсорбира храната нормално. Укажете му го ова на вашиот доктор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag