Сите благодети на лавандата

popara9 септември, 20111min00
lavanda  1

Лавандата се користи во козметиката, медицината и во готвење. Лавандата е медитеранска грмушка која потекнува од грчките острови и носи долга историја од 2500 години. Во тоа време откриени се 230 видови на лаванди. Луѓето ги користат за различни цели: од готвење, до медицина, хигиена за телото или облека.

Некои мислат дека лавандата е цвет на невиноста, но има и силни афродизијак својства. Старите римјани го употребувале лавандиното етерично масло бидејќи ја стимулира кожата и и прави регенерација.

Козметички благодети

Од нашите баби сме можеле да научиме дека торбата со миризливи суви виолетови цвеќиња се ставаат во гардероберот за да се зачува облеката од молци. Денес лавандите, и етеричното масло од лаванда се многу барани во производството на фармацевтската индустрија, козметика и готвење.

Во козметиката често се користи во производство наменети за масна кожа и кожа со акни. Лосионите и маслата од лаванда ја прават кожата мека и еластична, а шампоните го зајакнуваат коренот на косата.

Различните видови на лаванда, имаат различни ефекти, некои делуваат благотвотно и антиоксиданси, додека шпанската лаванда е отровна и се користи во производство за намалување на стрии. Затоа лавандата од Хвар има антибактериски и антифунгални ефекти од сите други видови лаванди. За помала габична инфекција, може да се стават неколку капки од лаванда абриала на погоденото место два пати на ден.

Рецепт за масло од лаванда

Лавандата е одличен антисептик и помага кај мали рани, изгореници и каснувања од инсекти.За такви случаи кожата може да се намачка со подготовката од лаванда неколку пати на ден- 100 мл растително масло за јадење во кој ќе додадете 20 капки етерично масло од лаванда. Тоа ќе го стимулира ткивото и епителизација на раната ќе заздрави побрзо, а не шече како алкохол и е идеална за деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag